Синоќа во холот на Библиотеката во Битола, Македонското научно друштво-Битола, светскиот ден на науката го одбележа со промоција на изложба на книги од автори членови на друштвото, а сите ќе им бидат на располагање на љубителите на книгата.На отворањето на изложбата зборуваше претседателата на МНД Битола, вонр. проф. д-р Невена Груевска која рече:
-Светскиот ден на науката го одбележуваме со различни содржини, а оваа година одлучивме на јавноста да и ги претставиме авторските дела на нашите членови, но и традиционалните изданија на МНД-Битола, односно стручно научното списание „Прилози“ и списанието за култура, литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“. Тука се изложени дела кои се финансирани од МНД Битола и ние сме издавачи, но и дела кои членовите сами ги имаат финансирано и од други издавачи, а за брзо време сите ќе бидат дигитализирани.
Изложбата за отворена ја прогласи проректорката Јасмина Буневска – Талевска и најави дигитализација на изложените книги, која во своето излагање додаде.
-Наскоро книгите од оваа изложба ќе бидат дел и од новиот Студентски информативен центар на УКЛО-Битола во кој има над 1.200 книги. Со дигитализација книгите ќе бидат подостапни за нашите студенти, а нашата е-база побогата.
Пред аудиториумот во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола се обрати и директорот на библиотеката м-р Бојан Стефановски и истакна дека храмот на книгата со изложбата на МНД-Битола е уште една потврда за успешната библиотечна дејност што ја врши таа национална установа.
Изложбата ја посети и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој со внимание ги проследи изложените дела, но најде време и да се запознае со активностите на МНД Битола.
На читателите достапни им се стотина книги, најголем дел изданија на МНД-Битола, но и книги од други издавачи.

По повод Денот на науката отворена изложба книги од автори членови на МНД – Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Bitolanews во посета на музејот каде се наоѓаат гробниците на македонските кралеви во Кутлеш – Вергина (мега фотогалерија)
- Во “Талент шоу“ на Црвен крст учениците од основните и средните училишта, со своите таленти ја обоија Битола во црвено-бели бои (фотогалерија)
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
- Општина Битола: изведувачот ќе ги санира појавените девијации на коловозот на улица “Бурса“ кај Пиварата
- Во Битола променливо облачно, температурата до 18 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
- Три златни медали за мешаниот хор при КУД “Стив Наумов“ од Битола на меѓународниот хорски натпревар во Бјелина
- Народен театар Битола започна со подготовки за 5. премиера оваа година, “Едмонд“ во режија на Оливер Мицковски
- ИФФК „Браќа Манаки“ со повик за учество во проектот „Кадар-на“ (Her frame)- меѓународна програма за поголема присутност на жените во филмската индустрија
- Промовиран романот “Ноќта…“, кој ја доживеа светлоста на денот, од Игор Тајкоски – Фоја (фотогалерија)