Екипата на Јени Маале од Битола го заврши есенскиот дел со последниот натпревар против Новаци каде што забележа победа со 2:4.
Стрелци на головите беа Владимир Крстевски и Александар Митревски, два голови постигна Васко Наумовски.
-Ако направиме ретроспектива на оваа полусезона ќе заклучиме дека оваа екипа може многу повеќе, моментално е на 7 место, но исто така тоа остава простор за голем напредок во пролетниот дел. 14. година во серија, оваа екипа поминува низ општинската лига каде достојно се претставува. Тимот е создаден за искрена дружба и другарство, приказна која продолжува и понатаму…, велат од Јени Маале.
[ngg src=”galleries” ids=”1256″ display=”basic_thumbnail” thumbnail_crop=”0″]










