Нашата параолимпијка Оливера Наковска – Бикова од Битола го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион во дисциплината “П4-пиштол слободен избор“ кое се одржува во Обединетите Арапски Емирати.
Во финалето Оливера Наковска – Бикова по првите пет истрели се најде на второто место, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција и дојде до ново злато, соопштија од Македонскиот Параолимписки Комитет.Претходно, во квалификациите за финалето Наковска – Бикова испука одличен резултат од 538 кругови, најдобар во нејзината кариера, со што го освои второто место и си обезбеди пласман во финале.