Со победата на патеката кај Смолево, во Битола, Христијан Илиовски – Кико член на мото клубот Пелистер од Битола одново е шампион на Македонија во мото-крос. Поранешниот македонски спортски амбасадор ширум патеките во Европа, по три години пауза се реши да им се врати на мото-крос патеките и со одлични настапи дома и надвор од границите докажа дека е врвен спортист.
На последната трка од овосезонскиот мото-крос шампионат на Македонија, Кико и приреди вистинско уживање на битолската публика и со спектакуларен настап на патеката Смолево каде забележа уште една победа, со која само ја завери новата шампионска титула, негова единаесетта во кариерата.
Овој пат, Кико се јави и во улога ма организатор, така што голем терет имаше и како натпреварувач и како човек кој застана позади организацијата на овој традиционален настан. Трката се одвиваше во тешки услови, заради врнежите и калливата подлога, но тоа не хо спречи Кико во победата.
Мотокрос клубот Пелистер, матичниот клуб на Кико со овој настан заокружува уште еден организиран натпревар под нивно знаме, а Кико на крај на настанот ја подари кацигата со која годинава возеше, а беше подарок заедно со моторот со кој нанижа успеси од нашата комапнија која беше и најголемиот спонзор на Кико за оваа 2022 година.
Кацигата му припадна на најсреќниот фан од публиката, малиот Антонио Марковски.










