Во стрелиштето за воздушна пушка и пиштол во Битола се одржа државно првенство во стрелаштво за основни и средни училишта во машка и женска конкуренција со воздушна пушка. На ова државно првенство учествуваа 40 ученици од нашата држава.
Првенството за отворено го прогласи Бојан Бојковски, заменик градоначалник на Битола, а просуствуваше и потпретседателот на Федерацијата за училишни спортови.
Претседателот на Сојузот за училишен спорт од Битола, Михајло Трампевски, вели дека се радува што уште едно државно првенство се одржува во Битола и тие се домаќини на најдобрите стрелци од основно и средно образование, кои покажале одлични резултати, посебно стрелците од Битола.
Победник во машка конкуренција кај основните училишта е Вања Арсиќ од ОУ “Климент Охридски“ од Битола, второпласиран е Давид Соколовски ОУ “Тодор Ангелевски“ од Битола и на трето место е Андреј Вељановски од Битола.
Во женска конкуренција првопласирана е Емилија Тренческа од ОУ “Кирил Гавриловски Јане“ од Прилеп, второпласирана е Анастасија Мангаловска од ОУ “Тодор Ангелевски“ од Битола, а на трето место е Марија Трампеска од ОУ “Св. Климент Охридски“ од Битола.
Кај средношколците победник е Никола Караѓорѓев од Кавадарци, второпласиран е Мартин Димитријоски од Прилеп и на трето место е Филип Гически од Прилеп.
Кај средношколките државен првак е Магдалена Ристеска од Прилеп, на второ место е Лела Стојановска од Битола и на трето место е Теодора Христова од Битола.

Доминација на битолските стрелци на државното првенство во стрелаштво за основни и средни училишта (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- Осветен големиот крст кај црквата “Св. Ѓоргија“ во Паралово (фото)
- Мал привремен кино салон под отворено небо: Utopia и 3D кино со “Странецот“ (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- СВР Битола: битолчанец возел со 1,62 промили алкохол во крвта, групна тепачка – двајца повредени
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани









