Како и се најавуваше така и беше денес во Битола, под Тумбекафе, каде покрај битката за бодови на теренот, на трибините имаше и навивачка битка помеѓу “Чкембари“ – Битола и “Комити“ – Скопје.
“Чкембарите“ кои се обединија од цела Битола, Ушици, Баир, Центар, Карпош, Нова Битола… овој натпревар го одбележаа онака како и доликува, без инциденти, но со се она што значи навивање и поддршка на својот тим.
Имаше пиротехничко шоу со многу бакли, најмногу во зелена боја, се пееја навивачки песни, имаше знамиња, шалови…
И на “чкембарската трибина“ од сите возрасти, тука беа ветераните, младите бригадири… се на се натпревар кој од навивачка гледна точка уште долго ќе се коментира, но и ќе се жали за двата неосвоени бода по ремито во Битола.
Низ фотографии ќе се обидеме да доловиме како беше на трибината каде се наоѓаа “Чкембарите“.
[ngg src=”galleries” ids=”1292″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″]










