Вкупно шест ракометари од Битола, пет од Еурофарм Пелистер и еден од Еурофарм Пелистер 2 се најдоа на скратениот список на селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров, за на претстојното Светско првенствои кое ќе се оддржи во Полска и Шведска во период во јануар 2023 година, на собирот кој ќе се одржи на 2о декември.
Од Еурофарм Пелистер повикани се ракометарите: Цветан Кузманоски, Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ, Жарко Пешевски и Марко Кизиќ.
Од Еурофарм Пелистер 2 повикан е ракометарот Петар Атанасијевиќ.
Машката сениорска репрезентација е дел од групата “Ф“ заедно со репрезентациите Норвешка, Аргентина и Холандија, а натпреварите ќе се играат во Краков, Полска, а првиот натпревар ќе го играат на 13 јануар против екипата на Норвешка.