Книгата “Гимнастиката во Битола“ е новата книга на Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, кој неодамна наполни 80 години.
Книгата го објаснува развојот и унапредувањето на физичката култура во Битола, со акцент на гимнастиката.При тоа Димче Миновски ја користи следната периодизација, турска управа 1912-1941, периодот на ослободувањето до осамостојувањето на Македонија и времето оттогаш до денес.
-Секој перод има свои спецификации. Податоци и бројки. Во овој труд ќе ги поместиме позначајните моменти од кои сепак можа да се проследи појавата, развојот и унапредувањето на гимнастиката, како во Република Македонија, така и во Битола. Се разбира наш интерес повеќе е гимнастиката во Битола, вака ја најави својата книга Димче Миновски која ќе има своја промоција на 27 декември во …..
Ж. Ристевска