Во големата сала во Центарот за култура во Битола се одржа 22. издание на детскиот музички фестивал “ТРА ЛА ЛА Битола“.На фестивалот настапија Иво Котевски со песната “РОДИТЕЛСКИ СОСТАНОК“, Николина Лазаревска и Марија Дамјановска со “ШУМАТА ПЕЕ ВО ХОР“, Лука Ристановски со “КАКО СИТЕ ДРУГИ“, Мила Калески со “БОЖИЦА И КРАЛИЦА“, Изабела Настевска со “МЕЧО ШАРПЛАНИНЕЦОТ“, Марија Петковска со “ПЧЕЛКА“.
Пред бројната публика се претставија и Клеа Дамјановска и Ема Каранѓелевска со песнаат “ЛАЛЕ, Лора Николовска со “ИГРАЊЕ И ВИОЛИНА“, Атанасиј Ѓорчевски со “СОНОТ МОЈ“, Ника Лубура со “ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК“, Антоанета Китановска со “BUONGIORNO SENORINA“ и Евгенија Ристевска со “ТИНЕЈЏ ГОДИНИ“.
-На годинашното издание настапија 12 учесници со новокомпонирани детски композиции кои оставија повеќе од прекрасен впечаток, како што доликува на манифестација која постои 22 години во континуитет и која го носи приматот за најдобра детска манифестација во нашиот град и целата држава, ни рече по завршување на фестивалот, директор на фестивалот е Тони Алексовски од име на организаторот “Асоцијација за уметност Алексовски“ од Битола.
Треба да се спомене и тоа дека за сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, за аудио – визулените ефекти “Малче саунд продакшн“, светло Никола Ѓоргиевски, а водител беше Елена Захариевска.
Фестивалот “ТРА ЛА ЛА“ е дел од програмата на советот на општина Битола.

Нови 12 детски песни на 22. издание на детскиот музички фестивал “ТРА ЛА ЛА Битола“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Реми на Пелистер во претпоследното коло против Силекс
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: две пријави за физички напади
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
More from ЗабаваMore posts in Забава »
- Новата 2025 “Код 369“ ја започнаа со снимање на нов видео запис за “Кроација рекордс“
- “Те љубам“ – нова песна од Браво бенд!
- Заедничка новогодишна прослава на Битолските младински категории во ракомет
- ДЏ Кекел порачува: изберете си омилена песна која ќе ја ставам на листата песни на мојот настап на “Зимска приказна“ во Битола
- Manolo & “The Voice of Gypsies“ направија спектакуларна вечер во Битола и ја кренаа публиката на нозе (фотогалерија)