Кошаркарите на Пелистер од Битола забележаа пораз во АБА-2 лигата од Златибор “балонот“ во Бања Лука по двете победи над Спарс Илиџа и Сутјеска. Тренерот на „зелено-белите“ вели дека и покрај неуспехот е горд на неговите избраници и им порача на битолчани да дадат поголема поддршка.
-Од овој „балон“ и од овој натпревар научивме многу. По еден лош почеток и лоша реализија во првите дваесет минути, уште бевме во игра и тоа го покажавме во второто полувреме. Иако имавме најмалку одмор од сите противници и имаме повредени кошаркари, можеме да го дадеме максимумот и по овој натпревар, за кој решаваа работи за кои треба да размислиме, морам да ги пофалам моите кошаркари. Горд сум на нив и им порачувам на битолската публика да даде поддршка на оваа екипа. Пласманот на завршниот турнир на АБА2 лигата да не биде факторот за нивната награда.