Пред 10 години и повеќе кога се појавија на музичката сцена во Битола детскиот хор “Ѕвончиња“ веднаш го привлекоа вниманието на битолчани, со голем број на мали дечиња кои изведоа и голем број на концерти. Во февруари во 2013 година одржаа голем концерт посветен на Тоше Проевски, во Домот на културата, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Концертот се одржа во големата сала на Центарот за култура, насловен како “Пееме до ѕвездите“, посветен на македонската поп-легенда, Тоше Проески, а концертот беше од хуманитарен карактер.
Организатори на концертот беа Државното средно музичко училиште од Битола, во кое Тоше Проески го заврши средното образование и Националната установа Центар за култура Средствата од хуманитарниот концерт ќе бидат употребени за набавка на ново пијанино во Музичкото училиште.
Покрај детскиот хор “Ѕвончиња“, кој настапува под диригентство на Марина Коруновска, учествуваа и групата “Калабалак“, вокалната група “Мелодиум“ и хорот на
Словенечкото друштво “Триглав“.

Деновиве пред 10 години: голем концерт во Битола на “Ѕвончиња“ за Тоше (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Жените во фокусот: “КС Групацијата“ го одбележа Меѓународниот ден на жената
- Деновиве пред 10 години: нови возови од и кон Битола – ќе сообраќаат во доцните вечерни и ноќни часови (фото)
- Деновиве пред 10 години: универзитет од Битола организира голем концерт на Филхармонија од Минесота (фото)
- Девојките од Пелистер Волеј ја поминаа првата пречка во Купот, убедлива победа во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: Дијана Неделковска спортист на Битола за 2015 година (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Општина Битола: се реконструираат спортски терени во Горно Оризари
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Битолчани заедно во кризните денови










