Во младинска категорија, до 14 години победник е Лаура Ангеловска од екипата на Пелистер Пин од Битола.Денес во кугланата на кугларскиот клуб Пелистер од Битола се одигра 8-мартовскиот кугларски клуб на кој учествуваа 16 кугларки. Турнирот беше во организација на женскиот кугларски клуб Пелистер Пин од Битола, кој се покажа како одличен домаќин.
Победник на годинашниот турнир Данче Наумовска од кугларскиот клуб ГТЦ од Скопје со 542 соборени дрвца. Второто место и припадна на Андреа Вељановска од Пелистер Пин од Битола со 528 соборени дрвца, а на трето место се пласира Стефанија Алексовска со соборени 518 дрвца, исто така од Пелистер Пин.
За прв пат се одигра и младински турнир за девојки до 14 години на кој победничка беше Лаура Ангелевска од Битола. Ева Димитровска беше второпласирана, а на трето место е Лана Апостоловска, и двете од Пелистер Пин.
Во име на организаторот се обрати Игор Михајловски, тренер на Пелистер Пин, кој рече дека се радува што во Битола се одржа женски турнир во куглање, а посебно му е мило што имавме и натпревар во младинска категорија до 14 години.
Наградите на најдобрите им ги додели претставникот на Општина Битола – Г0рдана Цветсковск-Бошевска, а на сите учеснички со цвеќе им го честита Денот на жената, селекторот на женската репрезентација на Македонија – Перо Гиевски.

Данче Наумовска од ГТЦ победник на 8-мартовскиот турнир во куглање за жени во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Вечер мајсторка за полуфинале, Илиевски верува во кошаркарите и пласман во полуфинале
- Антоан: со игра како во Битола и со 40 минути борба – ќе славиме и на мајсторката во Скопје
- Павле Петровиќ го нашушта Еурофарм Пелистер, продолжува во Линц, Австрија
- Кадетите на Еурофарм Пелистер во завршницата за титула шампион на Македонија (фотогалерија)