Поезијата може да се рецитира, да се пее. Драмата се оживува преку глума, а ученците кои се претставија со своите изведби на драмите „Бегалка“ и „Чорбаџи Теодос“ тоа и го докажаа, уживајќи во своите улоги во библиотеката. Пишаниот збор се оживеа, преку проектот „Од книга до претстава- да ги оживееме драмите“, кој покажа дека читањето книги е интересно и забавно, ако се поттикнува на интересен начин.Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ учениците од ОУ „СВ. Кирил и Методиј“ се претставија со своите изведби на драмите „Бегалка“ и „Чорбаџи Теодос“ вклучени во проектот „Од книга до претстава – да го оживееме драмите“.Многу гости родители, наставници и ученици присуствуваа на настанот. На почетокот на настанот м-р библиотекар Годрана Г. Неделковски поздравувајќи ги присутните гости кажа:-Како претставници од НУУБ „Св. Климент Охридски“ бевме поканети на настанот по повод 140 години македонски јазик во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ каде за прв пат се изведоа сцени од македонски драми. Не стигнавме да ги видиме. Но во соработка со координаторот на проектот од училиштето Жанета Ристевска дојдовме на идеја учениците да дојдат тука во библиотеката, место на пишаниот збор. Но преку овој проект ќе го оживевееме. „Од книга до претстава“ само кажува дека читањето книги е интересно и забавно, ако знаеме да го поттикнеме на правилен начин. Ако сме успеале во тоа на овој начин и на кратко да ги оттргнеме од технологијата, тогаш сме ја постигналле целта. Драмата се оживува преку глума, а ученците од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ заедно со своите ментори, и изведби на сцени од „Бегалка“ и „Чорбаџи Теодос“ тоа го докажаа и ќе го докажат вечерва.На настанот се обрати и директорката на ОУ „Св Кирил и Методиј“ Битола Жанета Тошеска:-Соработката со библиотеката ќе ја продолжиме и со други проекти за поттикнување на учениците кон читање книги. Вечерва ликовите на Ленче, Бошко, Аџи Трајко, Чорбаџи Теодос, Кева, Томче… ќе ги видите тука во нашата библиотека. Учениците од хорот со традиционална македонска музика, звуци од кавал и тарабука само ќе го збогатат настанот. На претходниот настан по повод 140 години од првата претстава на македонски јазик во нашето училиште, со своите настапи ги расплакаа присутните.Координатор на проектот Жанета Ристевска ментор на ученици од драмата „Бегалка“ кажа:-Љубовта кон книгата, читањето, мајчиниот јазик, традицијата се стекнува преку овој вид на проекти, на ваков начин. Преку оживување на теми во истите. Универзалните теми љубов, забранета во патријархалните односи, дискриминација во однос на разлики богати, сиромашни, верска припадност…иако сметаме дека се генерации на технологија и друг век, целосно ги разбраа и “навлегоа во ликовите“. Вечерва тие ликови ќе ги оживеат сцените од драмите, тука во библиотеката, пред вас почитувани родители, наставници… Тоа се нашите надарени и талентирани ученици кои ги откриваме и промовираме низ нашите проекти. Самодовербата се јакне на ваков начин. Позитивна клима владееше насекаде низ училиштето додека ги подготвувавме нашите ученици за настапи. Имено сите од училиштето ги проследија изведбите на драмите. Се пееја „Море сокол пие…“ Ако сме го постигнале сето ова што го кажав, тогаш мојата улога психолог во училиштето како дел од тимот кој работи со надарени и талентирани ученици, реализирана е на правилен начин.На крајот на настанот сите ученици кои учествуваа во проектот околу 50, добија поклон ваучери за едногодишна чланарина, а нивните ментори книги од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.
“Од книга до претстава -да го оживееме драмите“– проект на НУУБ „Св. Климент Охридски“ и ОУ “Св. Кирил и Методиј“ Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Поразот на Еурофарм Пелистер од Алкалоид донесе и оставка на Бранислав Ангелевски
- Тренерот Ангеловски и капитенот Кузмановски го најавија денешното дерби, Алкалоид – Еурофарм Пелистер
- Одржана интересна работилница за бруцошите на УКЛО Битола (фото)
- СВР Битола: го чистел таванот пронашол 10 рачни бомби…, украдени пари во угостителски објект, син нападнал татко
- Во Битола сончево, температурата до 18 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- Реобјавено од 3 ноември 2023 година: Во Битола премиера на претставата “Куфер.МК“ (фотогалерија)
- Премиера на монодрамата “КУФЕР.МК“ на Соња Михајлова во Народен театар Битола (фото)
- Битолскиот театар се подготвува за одбележување на јубилејот 80. години постоење
- Трета награда за КУД “Стив Наумов“ Битола на интернационалниот хорски фестивал во Херцег Нови
- Екипата на Битолски театар на прием во Македонската амбасада во Полска