По повод роденденот на НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола го додели наградите на читателите кои изнајмиле и прочитале најмногу книги од библиотеката, како и роднокрајните награди.
По тој повод на наградените и на сите присутни им се обрати директорот на библиотеката од Битола, Бојан Стефановски, кој при тоа рече:
-Оваа година славиме 78 години. 78 години нашата библиотека е во служба на народот, постојано подобрувајќи ги условите за работа се за потребите на нашите верни читатели. Бидејќи вие, наши драги читатели во изминатава година бевте наши верни читатели, и во секоја од категориите имате прочитано најмногу книги, библиотеката реши да ве награди. Секоја книга има душа, душата на личноста што ја напишала и душите на оние кои ја прочитале и сонувале за неа.
Добитниците на наградите по категории се: најмлад читател- категорија предучилишна возраст со најмногу изнајмени книги – Димитар Алачкоски, категорија – основно образование – Костадин Христов, категорија – средно образование Ангела Брбевска, читател на годината од категорија возрасни во 2022 година – Анастасија Шалевска и во категорија -пензионери, добитник Розитка Тодоровска.
Оваа година роденденската прослава Библиотеката ја збогати и со доделување и на наградите за “Роднокраен автор за 2022“ година. Добитници на наградите во три категории се наградата за „Животно дело на Роднокраен автор од Битола“ му е доделена, за жал постхумно Владимир Костов за целокупното свое животно творештво. Наградата за “Роднокраен автор за 2022 година “ поезија е за Даниела Андоновска Трајковска, а наградата за “Роднокраен автор за 2022 година“ – проза за Христо Петрески.

Библиотеката ги додели наградите за најдобри читатели и роднокрајните награди
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










