Ракометарите на Еурофарм Пелистер одработија два дена мини подготовки во Маврово, откако тренерите се одлучина на ваква варијанта пред вечното ракометно дерби на македонскиот ракомет, Вардар – Еурофарм Пелистер.
Ракометарите од Битола од денес, на ден пред натпреварот, се во Скопје, каде вечерва одработија и тренинг во салата “Јане Сандански“ каде утре ќе се игра натпреварот.
Додека тренерите Александар Јовиќ и Ѕвонко Шундовски се подготвуваат за утрешното дерби и навивачите ги прават последните подготовки за утрешното патување во Скопје и бодрење на тимот за кој навиваат.