На сцената во Големата сала на Центарот за култура во Битола, синоќа на 1 април гостуваше најновата комедија “Обвинителка“ која љубителите на театарот од Битола ги насмеа до солзи. Актерската тројка, Лидија Вукиќевиќ, Магдалена Ризова- Черних и Сашо Ристовски, низ низа комични и реални животни ситуации ни прикажува една мошне интересна тема на денешницата, актуелна во секој поглед.
Оваа претстави низ низата на динамичните дејствија, брилијатната актерска екипа, ги одговара оддамна непоставените прашања: Како е да се биде обвинител? Како е да се работи во обвинителство? Како може или неможе да се спасиш од обвинение? Љубовта и страста што можат да му сторат на еден човек, како е да се плашиш и да живееш во страв дека те прислушкуваат, колку и на што се сме спремни за да побегнеме од одговорност и многу општествени случувања кои се карактеристични на денешното време.
Костимите ги изработи Елена Лука, а музиката е на младиот и талетиран композитор Мишел Трајковски. Претставата се подготвува со полн интензитет и плод на соработка на нашата држава и Република Србија.
Ова е еден од ретките проекти поставувани на македонската театарска сцена во кој се говори на македонски и српски јазик.

“Обвинителка“ со Лидија Вукиќевиќ комедија која ги насмеа битолчани до солзи
More from ВестиMore posts in Вести »
- Осветен крстот кај манастирот “Св. Спас“ над Маловиште (фото)
- “Талентите за УКЛО – УКЛО за талентите“ за афирмацијата на надарените и талентираните ученици и студенти
- 4. по ред “Креативен ден 2025“, визуелна бајка, каде што секоја силуета шепоти нова приказна (мега фотогалерија)
- Книгите како вредност, инспирација и иднина: Една година библиотека во Кромберг & Шуберт – Битола (фото)
- Заштитни столбчиња и обележување на дел од коловозот, траен режим на сообраќај
More from КултураMore posts in Култура »
- Денес нова премиера во НТБ Битола “Чорбаџи Теодос“ во режија на Дамјан Димовски (фото)
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за шпанската монодрама „Лирско вилинско коњче“ со актерката Зелија Ланаспа (фотогалерија)
- Научен собир на МНД Битола посветен на 1140 години од смртта на Св. Методиј
- Промовирана монографија “1/4 век Интернационален фестивал на монодрама Битола“ (фотогалерија)
- Камерен Оркестар од Битола приреди симфонија за паметење – и за срцето, и за телото во Скопје (фото)Камерен Оркестар од Битола приреди симфонија за паметење – и за срцето, и за телото во Скопје (фото)