Денес со почеток во 18 часот, ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола ќе ја пречекаат екипата на Татран Прешов од Словечка во четвртфиналето во СЕХА лигата. Пресметката во Битола е прва во оваа фаза на натпреварувањето, а екипата од Битола има напорно темпо во домашниот шампионт и во СЕХА.
На прес-конференција четвртфиналето го најави голманот и репрезентативец Марко Кизиќ, кој рече:
-Се работи за квалитетен ривал, видовме што може Татран досега во СЕХА лигата. Ова е двомеч, нема многу време за подготвување, но верувам дека ќе бидеме доволно подготвени. Нормално, како и на секој натпревар, Еурофарм Пелистер оди на победа. Татран сезонава игра квалитетно, искусно и едноставно е екипа која заслужува респект, ама и покрај сè како што кажав, одиме на триумф.