Најавата на навивачката група “Чкембари“ од Битола, дека нема да доаѓаат на трибините и покрај апелот на тренерот Александар Јовиќ на официјалната прес конференција, како најава на СЕХА четвртфиналето, ја испочитуваа и вечерва ги немаше на нивното место, на северната трибини во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола.
Исто така и на јужата трибина во првите редови го немаше транспарентот “Верна дружина, јужна трибина“ иако дел од таа “дружина“ беше на трибините.
Останатата публика околу 2.000 навивачи, на местата на кои редовно седат- стојат, кои го бодреа својот тим, а на крај навивањето го завршија со слоганот “Сакаме титула“ во Битола.
Низ фотографиите од вечерашниот натпревар ви доловуваме дел од атмосферата на трибините во “Боро Чурлевски“.
[ngg src=”galleries” ids=”1437″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ images_per_page=”23″]











