Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа промоција на четири книги од проф. д-р Златко Жоглев кои се наменети за најмалите. Прекрасната литература за деца преточена во четири книги проза: “Портокаловото човече“, “Зајко Бајко и кучето Трајко“, “Мечката и штркот“ и “Снаодливото јаренце“ беа промовирани пред преполната сала.
Настанот го водеше проф. д-р Билјана Граматковски, а пред љубителите на пишаниот збор за книгите зборуваа проф. д-р Гордана Стојаноска и проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска кои во кратки црти дадоа осврт на книгите.
Сите присутни, од најмали до највозрасни уживаа во интерпретацијата на стиховите од страна на студентките Димитра Десановска и Ивона Вурмевска од Педагошкиот факултет- Битола.
Професорот Жоглев инспириран од својата мала внука Дениција ги креира овие книги во кои се сместени илустрации за секој што ја има книгата да може да ужива во читањето и боењето.

Проф. д-р Златко Жоглев промовира четири книги наменети за најмалите
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










