Но НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола се одржа втората работилница од проектот “Биди свој! Креативни програми за сите возрасти“ насловена “Како до убава фотографија“.На работилницата учествуваа ученици од ОУ “Св. Кирил и Методиј“-Битола, ученици од ОУ “Коле Канински“, ученици од СОУ Гимназија “Јосип Броз Тито“ и претставници од невладиниот сектор.
Се за историјата на фотоапаратите, за развојот на фотографијата, за видовите на фотографија и како да до поубава фотографија зборуваше нашиот гостин фоторепортерот, Сашо Ристевски, сопственик – главен и одговорен уредник на порталот “bitolanews“.
Пред љубителите на фотографирањето тој покажа различни техники и начини како да се стигни до поубава фотографија, како да се одреди целта на фотографијата и како да ги доловиме вистинските моменти кои ќе останат вечно на една фотографија.
На прашањето како до убаво селфи и за уште многу други прашања можеа да слушнат одговор од гостинот.
Оваа работилница е дел од проектот кој “Биди свој! Креативни програми за сите возрасти“ и е поддржан од Министерството за култура, а ја реализираа Маријан Колевски и м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски.

Во Библиотеката во Битола работилница од проектот “Биди свој…“ – “Како до убава фотографија“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- На УКЛО Битола одржан настан во чест на талентираните (фото)
- ЈКП “Водовод“ Битола: поради дефект прекинато водоснабдувањето во Брусничка и Лавчанска населба
- Младата пијанистка Јована Арсоска од Битола со блескав успех во Албанија
- Во Битола променливо облачно и посвежо со слаб дожд
- Фото на денот: “Васко Карангелевски“, Нова Битола, 9 часот, 12 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- Младата пијанистка Јована Арсоска од Битола со блескав успех во Албанија
- Денес нова премиера во НТБ Битола “Чорбаџи Теодос“ во режија на Дамјан Димовски (фото)
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за шпанската монодрама „Лирско вилинско коњче“ со актерката Зелија Ланаспа (фотогалерија)
- Научен собир на МНД Битола посветен на 1140 години од смртта на Св. Методиј
- Промовирана монографија “1/4 век Интернационален фестивал на монодрама Битола“ (фотогалерија)