По три години без бокс во Битола во мај 2013 година во организација на Боксерската федерација на Македонија и во техничка организација на БК Бранител од Битола повторно се организира боксерска републичка манифестација, а тоа беше 2. коло од македонскиот шампионат, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Во Битола настапија 11 клубови со околу 40 боксери во кадетска, јуниорска и
сениорска конкуренција. Од Битола на првенството учествуваа боксери од два клуба Бранител и Пелбит. Во последната уводна борба Османовски од Бранител го победи поискусниот Гарипи од Шкендија.
Шлагер на мечот беше дуелот во категорија до 69 кг меѓу Јовановски од Охрид и Србиновски од Бранител. На поени победи Србиновски откако во поголемот дел на мечот беше супериорен.
Денис Муаремовски од Бранител, иако остави силен впечаток, сепак, загуби од далеку поискусниот Хајредини. Пораз доживеа и Љупчо Христов од Пелбит од Алексов од Баргала. Алекдандар Најдовски од Пелбит без борба го доби мечот откако Каба не се појави на рингот.
Главно на рингот во Битола беа прикажани добри борби, а по лошиот период во 2013 година боксот Битола како да почна да заздравува, но сепак не се врати на старите патеки, на старата слава, а така е и ден-денес.
Мечевите во салата “Младост ги проследија околу 1.000 гледачи, а од Битола судија беше Цане Георгиевски, АИБА судија. 

Деновиве пред 10 години: по три години без бокс во Битола, два клуба на државно, Бранител и Пелбит (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер го победи МЗТ сред Аеродром, го симна од првото место и закажа полуфинале со нив
- Во Битола се одржа Економски форум посветен на развојот на извозот (фотогалерија)
- Прес-конференција на градоначалникот Коњановски: од транформаторот до булеварскиот влез
- Отворена изложба на вредната уметничка колекција во Ректоратот на УКЛО Битола (фотогалерија)
- Полскиот амбасадор во прва официјална посета на Битола










