Синоќа во свечената сала на Офицерски дом во Битола во организација на Институтот за романска култура од Букуреш, Информативниот центар на Романија во Скопје и Амбасадата на Романија во Македонија во соработка со Влашката културна асоцијација и Лига на Власите Асоцијација „Браќа Манаки“, оддржан културен настан.
Настанот беше насловен како “Културните врски помеѓу Романија и Македонија – “Ароманската музика и браќата Манаки“.
На настанот се обрати амбасадорот на Романија во Скопје, Адела Моника Аксинте.
На настанот беше присутен почесниот конзул на Романија Александру Мамакис, со седиште Битола, а беа присутни и припадници на влашката заедница од Битола, почесни конзули и други гости.
Во музичкиот дел настапија гостите од Романија, Чипријан Порумбеску, Џорџе Енексу, Јон Думитреску.
Во научниот дел со интересни документи и предавања за баќата Манаки и влашкиот етнос на овие простори се претставија научните работници Кармен Ирина Флоареа, Мануела Новачи, Каталин Д. Костантин и Емил Циркомнику.
Присутната публика освен прекрасниот настап на музичките уметници, можеше да посведочи куриозитетни фотографии и документи од животот на браќата Манаки.
На настанот темите на кои се зборуваше беа “Архивски документи за Јоан Д. (Јанаки) Манаки“ и “Номади за Балканот, еден век подоцна – Браќата Манаки“.
–Ова е почеток на една поинтезивна културна соработка помеѓу Р.Романија и Р.Македонија најавуваат гостите од Романија, беше речено на предавањето.

Културните врски помеѓу Романија и Македонија – “Ароманската музика и браќата Манаки“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










