Стојанка Кјупчева од Педагошкиот факултет – Битола e најдобриот оратор на УКЛО ТРИВИУМ 2023, што се одржа на 17 мај 2023, во организација на УСС УКЛО. Второто место го освои Наташа Присаѓанец од Правниот факултет – Кичево и трето место и припадна на Леона Митревска од Педагошкиот факултет – Битола.Жири комисијата составена од професори на УКЛО: д-р Билјана Граматковски и д-р Виолета Јанушева од Педагошкиот факултет и д-р Ивона Шушак Лозановска од Правниот факултет, ги оценуваа ораторските вештини и говорничката уметност на десетината учесници од различни единици на УКЛО.
Ораторските говори беа по слободен избор. На овој начин УКЛО УСС им даде можност на студентите да разработат проблематика која ја сметаат за блиска и соодветна за младите луѓе, за да ги пренесат своите идеи и да ги искажат гласно визионерски и авангардни погледи.
Настанот со внимание и поддршка го следеа претставници од менаџментот на УКЛО. Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски ги врачи наградите и ловоровиот венец на најдобриот оратор и беа доделени благодарници за сите учесници.
Проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска го затвори осмиот по ред УКЛО ТРИВИУМ, при што нагласи дека УСС УКЛО и Универзитетот и парични награди за најдобрите и тоа, за прво место 6.000 денари, второ место 4.000 денари и трето место 3.000 денари.
Според Душан Стевановски, студентскиот лидер на УКЛО, УКЛО ТРИВИУМ продолжува да биде интересен настан што истовремено е убаво и забавно студентско и универзитетско случување.

Стојанка Кјупчева најдобриот оратор на “УКЛО ТРИВИУМ 2023“ во организација на УСС УКЛО (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: две пријави за физички напади
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси
- Првиот ракометен трофеј оваа сезона во Битола – го донесоа кадетите на Еурофарм Пелистер
More from КултураMore posts in Култура »
- Промовиран романот “Ноќта…“, кој ја доживеа светлоста на денот, од Игор Тајкоски – Фоја (фотогалерија)
- Изложба на сликарот Зоран Таневски во Галеријата и музеј “Ранко Струмениковски“ во Битола (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
- Кога зборовите се враќаат дома: Лидија Димковска во Книжевниот клуб Утопија во Битола (фото)
- Објавен конкурс за доделување на наградата “Антево перо“