По три фестивалски денови во Офицерски дом во Битола, поминати во споделување на незаборавни музички моменти, дружење, насмевки и сеќавања кои остануваат засекогаш, заврши 5. по ред “Пијанофест“ во Битола.
Жири комисијата во дисциплината Пијано, во состав Катерина Кетковиќ – Цветковиќ од Македонија, Маргарита Вујовиќ од Србија, Мирела Туше Вонгли од Албанија, донесоа одлука Лауреат на “Пијанофест 2023“ да биде прогласен Јурген Алиа од Албанија, кој што добива финансиска награда и концерт на следниот Пијанофест 2024.
Комисијата за Соло пеење во состав Маја Митровска од Македонија, Анастасија Холц од Србија и Александра Коцевска од Македонија одлучи наградата Лауреат во дисциплината соло пеење да биде доделена на Јана Блажевска која добива парична награда. Награда “The most perspective artist“ е беше доделена на Саманта Шпата, награда за најдобро изведено македонско дело доделена беше на Јана Блажеска (соло пеење) и