Центарот за европски развој и интеграција од Битола започна со реализацијата на проектот “Фотоколонијата Пелагонија 2023“, финансиски поддржан од Министерството за култура и Општина Битола.
“Фотоколонијата Пелагонија 2023“ е едукативно-творечки проект кој ќе овозможи пренесување на искуства и размена на идеи помеѓу истакнати и заслужни македонски фотографи и млади фотографи од пелагонискиот регион на почетокот на својата кариера.
Активностите на преоктот ќе се реализираат во период од 3 месеци а финален продукт на проектот ќе биде изложбата “Фотоколонијата Пелагонија 2023“ составена од фотографии и мултимедијални елементи преку кои ќе се презентираат културните богатства на пелагонискиот регион.
На првиот ден од колонијата своето искуство со 20-тината учесници во колонијата го сподели професор Роберт Јанкулоски кој пренесе дел од своите искуства и совети како да се подобри квалитетот на фотографиите, и што е она што треба да се направи за фотографиите кои се создаваат да добијат на значење.
Вториот ден на колонијата ќе се реализира под менторство на Далибор Митковски од “Зага Продукција“ кој на учесниците на колонијата ќе им пренесе искуства за тоа како да ги подобрат своите портретни фотографии и како да се справат со предизвиците на фотографирање на настани кои се одвивваат во живо.

“Фотоколонијата Пелагонија 2023“ започна денес со работилници (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










