Синоќа со пргодна свеченост во Центарот за култура во Битола беа одбележани 10 години од возобновувањето на Камерниот оркестар на Битола, кој бележи и постоење повеќе од четири децении, а бил предводен од професорите Кирил Петков и Зоран Маневски и составен од музичари, ентузијасти кои што ја негувале љубовта кон музиката.
По неколку години пауза, во 2013 година се роди идејата за возобновување, популаризација и доближување на оркестарот до пошироката публика, и таа идеја се реализира од диригентот, виолист и аранжер Владимир Димовски и вионилистот и професор во Средното музичко училиште во Битола, Никола Трајановски. На 4 јули 2013 камерниот оркестар на Битола го одржа својот прв концерт “За моја Битола“ во Пациото на Музејот во Битола на кој што се изведоа најубавите староградски битолски песни, а гости беа повеќе македонски изведувачи.
Владимир Димовски, на свеченоста рече:
-Нашиот концерт беше пред 10 години во Пациото, а тоа беше желбата да се продолжи радицијата на камерниот оркестар, а денес еве славиме 10 години постоење. Сите кои биле дел од Камерниот оркестар придонесле во неговиот развој и тој да прерасне во познат македонски бренд. Сме имале многи концерти, а според фактите ние сме одржале 140 концерти на присуствувале 200 илјади публика. Во оркестарот има музичари кои се тука уште од почетоците. Затоа сакам да им се заблагодарам на сите кои ни помогнале во развојот, некој финансиски, некој на друг начин, но морам да ја споменам министерката за култура со чија помош сега сме национална установа.
Димовски подели плакети на министерката Бисера Костадинова Стојчевска, Марија Магдалена Петровска Микаровска, градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, Борче Димитровски, Центар за култура Битола, Маја Андоновска – Илиевски.
Плакети добија и Кирил Петков и Зоран Маневски, двајцата виновници кои ги поставија основите на Битолскиот Камерен Оркестар, сега Камерен Оркестар на Битола, како и луѓето кои се од самиот почеток и дадоа особен придонес во организацијата на сите концери и настани на Камерниот оркестар, Никола Трајановски, Владимир Цветковски, Валентин Наумов и Дејан Арсиќ.
⋮IWConnect како исклучително важен поддржувач оркестарот повеќе од 6 години доби плакета кој стои позади нас зад секој концерт и настан и помага на секаков можен начин, како и “Кромберг и Шуберт“, “БВ инжинеринг“, “Цермат“, “Јосифов“…
[ngg src=”galleries” ids=”1568″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ order_by=”filename”]











