Вечерва во свечената сала на Офицерски дом во Битола, во рамките на летниот фестивал “Бит фест“ започна 8. издание на Фестивалот “Хармониките“ кој се одржува во организација на “Савевски продукција“ и “Непокор“.
Овогодишниот фестивал е посветен на виртуозите на хармониката, а во рамките на првата фестивалски вечер настапија музичарите Радован Ивановиќ на хармоника и Кристина Касагиќ на флејта двајцата од од Бања Лука, Босна и Херцеговина, кои на публиката во Битола им се претставија со одбрана камерна музика, со танго.
Инаку, Ивановиќ е актуелен светски шампион во мастер категоријата за армоники, награда која ја освои во октомври минатата година на натпревар во Швајцарија, а во меѓувреме освоил и уште други три награди за прво место.
Директорот на фестивалот, Сашко Савевски, на гостите и нивниот професор им подари икона.
Уметничкиот директор на фестивалот, Кирил Стојчевски, за утре, за втората фестивалска вечер рече деке ќе биде посветена на легендарниот маестро, Милан Завков, кој не е повеќе меѓу нас.

Се одржа првата фестивалска вечер на 8. фестивал “Хармониките“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево и релативно топло, температурата до 21 степен
- ФК Конзули Ветерани од Битола со меѓународен турнир и доделување признанија одбележа 10 години постоење (фотогалерија)
- Пелистер од Битола со одлична игра до триумф во Гевгелија
- Вредна победа на Пелистер во Битола и три важни бода во борбата за опстанок (фотогалерија)
- ДПД “Архангел“ од Битола на меѓународен против пожарен настан во Хрватска (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Доделување на наградата “Гоце Димитровски“ и два концерти на третата вечер на 9. “Џез фактори фестивалот“ (фотогалерија)
- На втората вечер на “Џез фактори фестивал“ во Битола настапија Tribevibers – Blal Ljujić Pierre и Gent Rushi Trio (видео + фото)
- Локал патриотски концерт “Д БЕСТ ОФ БИТОЛА“ на оркестар “Дива“
- 9. издание на “Џез фактори фестивалот“ во Битола започна со прес, промоција на книга и концерт на квартетот на Христијан Ристески (видео + фотогалерија)
- BITOLA CALLING: И на 2. август, каде и да си, во Битола да си!










