Со втората вечер на 8. издание на Фестивалот “Хармоните“која се одржа во свечената сала во КИЦ – Офицерскиот дом во Битола заврши годинашното издание на овој специјализиран фестивал, кој се одржува во рамките на “Бит фест“.На втората фестивалска вечер пред публиката се претставија Дарко Илиевски, уметничкиот раководител на „Танец“, професор Кирил Стојчевски, Димитар Митровски на хармоника, Стивен Стојчевски на кларинет од Сиднеј, Австралија. Настапија и Димитриј и Давид Стојчевски на хармоники и Зоран Ристевски-Озо, кахон.Втората Фестивалска вечер беше посветена на Милан Завков, а беа изведени сите ора и чочеци од неговиот опус.Директорот на фестивалот, Сашко Савевски и уметничкиот директор Кирил Стојчевски зошто вечерта ја посветика на Завков, рекоа.-Легендите вечно живеат, а маестро Милан Завков е една од нив. Оваа вечер е тешка. Ќе кажеме само едно, сите кое сме тука ќе продолжиме да ја изведуваме неговата музика, а посебно е тешко бидејќи ни вети дека ќе биде со нас, но за жал не е со нас. Им се заблагодаруваме на сите кои настапија на фестивалот, на гостите кои беа и улесниците на семинарот. Посебно не радува тоа што го имаме тука светскиот шампион во хармоника од Швајцарија, Радован Ивановиќ, од Бања Лука.
Со вечер посветена на Милан Завков заврши 8. фестивал “Хармониките“ во Битола(фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Горната Гимназија на Германскиот божиќен панаѓур “Weinachtsmarkt” во “Зимската приказна“ во Битола (фотогалерија)
- Кадетите на Еурофарм Пелистер 2 со убедива победа ја завршија годината (фотогалерија)
- Претреси во Битола и Прилеп, пронајдени околу 5000 парчиња пиротехника
- СВР Битола: две апсења за дрога, “рено“ излетало од пат, фатено лице барано по потерница, физички напад
- Пелистер со голема победа над ТФТ на крајот од првиот дел на сезоната (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Две премиери на детски претстави во Народниот театар Битола “Снежана и седумте џуџиња“и “Снежната кралица“
- “Поетска колекција” – најновата книга на германски јазик на Александар Саша Трајковски од Битола
- Концертот “Пејте со нас“ на школата “Korunovska music & singing“ магија што ги обединува генерациите! (фотогалерија)
- Изложбата на стари фотографии “Битола виа Дебар“ на битолскиот фотограф Зафир Ошавков (фото)
- “BAD SYMPHONY“ vs “DISCOPOLIS“ – уште едно неверојатно музичко патување со Камерниот оркестар :IW Connect во Битола (фотогалерија)