Press "Enter" to skip to content

Отворена изложбата “Везовите на Македонија“ во рамките на “Илинденски денови“ во Битола (фото)

Синоќа во Заводот и Музеј во Битола отворена беше изложба “Везовите на Македонија“ во рамките на 53. издание на фестивалот “Илинденски денови“. Изложбата е поставена во соработка со НУ Музеј на Македонија – Скопје, а на отворањето зборуваше директорката на Центар за култура во Битола, Маја Андоновска – Илиевски, која рече:-Македонски везови е изложба која во соработка со Музеј на Македонија вечерва ја отворивме во битолскиот музеј во рамките на “Илинденски денови“. Оваа изложба според зборовите на директорот на музејот е најшетаната изложба која била изложена низ цела Европа и посетила и неколку прекуокеански земји. За прв пат ја имаме во Битола, и дефинитивно е една од изложбите кои не смеат да се пропуштат.На отворањето зборуваше и директорот на НУ Музеј на Македонија – Скопје, Илија Цурев.Изложбата ќе биде отворена за посети до 31.07.2023 во малата сала на Завод и Музеј во Битола.Вчера беше одржан и саемот на книга и проекции на македонските филмови во склоп на Етнографскиот филмски фестивал Австралија Австралија и Дае, на режисерот Столе Попов.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »