Вечрва во Крушево, во центарот на градот во рамките на Научно културните средби “Десет дена Крушевска Република“ настапи музичката група од Битола “Фонтана“ и пејачката Елена Андоновска“.
Со овој концерт беше спуштена завесата на годинашните “Десет дена Крушевска Република“, а на концертот покрај крушевчани присуствуваа и голем број на странски туристи кои престојуваат во градот.
“Фонтана“ и Благојче Трајковски, заедно со волшебната интерпретаторка на македонската песна Елена Андоновска , концертот “Традицијата на дланка“, рекоа дека го одржуваа за сите заедно да создадеме уште еден спомен исполнет со многу емоции, а на крушевчани им подарија дел од нашата богата музичка традиција.
-Големи се честа и задоволството што со голем концерт ќе бидеме дел од свеченото затварање на манифестацијата “Десет дена Крушевска Република“, токму во годината кога Крушево е град на културата во Македонија, рече Благојче Трајковски.
[ngg src=”galleries” ids=”1600″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″]











