ПСЖ – Еурофарм Пелистер 31:26
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер од Битола, во рамките на 4. коло од Лигата на шампионите го забележа и четвртиот пораз, на гостувањето кај ПСЖ со резултат 31:26.
Екипата на Еурофарм Пелистер добро го отвори натпреварот и играа гол за гол, а Раул повика минута одмор на 8:7. Потоа по неколку технички грешки, сомнителни одлуки на судиите, ПСЖ го презедоа водството, а на одмот заминаа со 15:12.
Во второто полувреме францускиот првак ја држеше позитивата и во 38. минута беше 20:18. По одбрана на Лесјак, “пелистерци“ преку Цехте, дојдоа на -1, потоа ПСЖ замина на +3 (22:19). По три гола разлија далеку поквалитетниот ривал со поширок ростер рутински дојде до победа.
Најдобри стрелец кај Еурофам Пелистер, Борзаш, Пешевски и Тајник со по пет постигнати гола.