Во организација на Сојузот за училишен спорт од Битола, а по повод 4. Ноември денот на ослободувањето на Битола се одржа Општински натпревар во стрелаштво во кој учество зедоја 70-тинa наши ученици од основните и средните училишта.
За овој натпревар, претседателот на Сојузот на училишен спорт, Михајло Трампевски ни рече:
-Повод за овој стрелачки натпревар е роденденот на Битола, а основците и средношколците од битолските училишта покажаа голем интерес. Се натпреваруваа околу 70 ученици, а се надевам дека овие млади стрелци ќе ја продолжат традицијата за стрелаштво во Битола, која дала и шампиони на тогашна Југославија.
Во екипна конкуренција во кај основните училишта победник во машка конкуренција е ОУ “Св. Климент Охридски“, второ пласирана е екипата на ОУ “Тодор Ангелевски“, а на трето место се стрелците на ОУ “Коле Канински“.
Во женска конкуренција победник е екипата на ОУ “Св. Климент Охридски“, второпласирана е екипата на ОУ “Тодор Ангелевски“, а на трето место се девојките од ОУ “Коле Канински“.
Во екипна конкуренција кај средните училишта од Битола победник во машка конкуренвија победник е екипата на СОЕУ “Јане Сандански“, второ место е СОТУ “Ѓорѓи Наумов“, а на трето место е екипата на СОМУ “Јован Калаузи“.
Во женска конкуренција победници се средношколките од СОМУ “Јован Калаузи“, второто место му припадна на екипата на СОУ “Таки Даскало“, а на трето место е екипата на Гимназија “Ј.Б.Тито“.
Најуспешните обезбедија и пласман на државниот натпревар во стрелаштво.
[ngg src=”galleries” ids=”1708″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ order_by=”filename”]










