Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола со низа активности го одбележува Патрониот празник, а завршна активност беше промоција на Библиографија на изданија на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола (1945 – 2023).
На почетокот на настанот поздравен говор имаше м-р Бојан Стефановски, директор на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, кој рече:
-Националната установа –Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола со посебно внимание, но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. Промоцијата на монографската публикација „Библиографија на изданија на НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола (1945 – 2023 година“ е посебен повод на највисоко ниво да ги претставиме и презентираме на едно место (во библиографија) сите досегашни изданија на нашата национална установа. Библиотеката во своето 79 годишно постоење им овозможи на сите вработени кои имаа идеи и знаења да можат слободно да ја изразат својата научна и истражувачка дејност и да ја преточат во дела кои се дел од оваа Библиографија, а сè со цел да придонесат во промоција на македонската култура кај нас и во странство.
Библиографија на изданија на НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола (1945 – 2023) која ја составија, уредија и редактираа: Гордана Пешевска и Ленче Андоновска, библиотекар советници, промотор беше Илче Стојановски.
Во Библиографијата застапени се истакнати, објавени и реализирани стручни проекти од посебно значење за унапредување на библиотечната дејност кои ги има во голем број и се состојат од истражување, творење, создавање на дела кои служат како пример за учење, библиографска информација, хроника на една дејност, библиографски трудови во доменот на роднокрајната дејност на Битола и Битолско но, и такви со прирачнички хроничарски односно културно – историски карактер како за Битола така и за Македонија, активности за презентација и промоција на македонската книжевна продукција во странство односно реализирани проекти, активности и трудови од значење за унапредување на библиотечната дејност во Општина Битола, државата и пошироко.
Исто така се промовираше списанието „Библиотечен тренд“ број 57, промотор беше Маријан Корлевски и на крај следеше промоција на Зборник на излагања од 18-тата Роднокрајна средба со битолските писатели од Македонија, за зборникот зборуваше координаторот м-р Гордана Ѓорѓиевска Неделковски.

Библиотеката од Битола со промоција на Библиографија ги заврши празнувањата за патронот (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










