Денес во Битола, во рамките на првите куп натпревари младиот ракометар на Еурофарм Пелистер од Битола, Петар Атанасијевиќ постигна рекордни 32 гола на еден натпревар и со тоа испишана нов рекорд во историјата на македонскиот ракомет.
Крилото на “пелистерци“ беше немилосрден и зад своето име запиша неверојатни 32 гола, што е апсолутен рекорд во историјата на машкиот македонскиот ракомет. Атанасијевиќ 9 гола постигна во првото полувреме, а 23 во второто полувреме.
По завршувањето на натпреварот Атанасијевиќ легна на паркетот и до него дотрчаа сите соиграчи да му честитаат, а како нов рекордер заврши на рацете на своите соиграчи.
Инаку, претходниот рекорд го држеше Златко Димитровски, кој во дресот на Тиквеш на еден натпревар постигна 31 гол.