Синоќа во салата во медицинско училиште во Битола се одигра натпревар помеѓу поранешни одбојкарки на Пелистер Волеј од Битола заедно со своите тренери од една страна, а од другата страна актуелната сениорска екипа, додека резултатот беше во втор план (1:1 и 14:14).-Тоа е само уште една симболика, силна порака која ја праќаме по којзнае кој пат за единство, љубов и среќа. Со ова продолжува десетгодишната традиција на крајот на годината да организираме еден натпревар во кој оддаваме чест и благодарност до сите оние одбојкарки кои оставиле неизбришливи траги, кои на свој начин допринеле за издигнување на Пелистер Волеј на највисоко можно ниво, порачаа од Пелистер Волеј.Во исто време, истакнаа од клубот, дека овие наши членови биле и сеуште се одличен пример не само за успешни спортисти, туку за успешни и реализирани личности кои имаат високи морални вредности, огромна почит и љубов кон сите во Пелистер Волеј.Најголемата емоција преку видео пораки ја испратија е тесно поврзана со самиот клуб кој дефинитивно е над сите нас и тоа е клуб на женската популација но и на цела наша Битола, клуб кој допрва ќе се издигнува и ќе покажи зошто заслужува место високо на пиедесталот во својот сакан град.-Сите актери на спортскиот терен, а и оние кои од оправдани причини не можеа да бидат дел од вчерашниот натпревар, голем дел од својот живот, од своето детство и својата младост несебично ги жртвуваа за една возвишена цел како што е одбојката, односно спортот, како и сите вредности кои треба да ги поседува една млада и зрела личност, велат од Пелистер Волеј.
Ревијален натпревар, сениорската екипа против поранешните одбојкарки и тренерите (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
- Самоил Ристевски потпиша договор со Еурофарм Пелистер до 2028 година
- Пелистер поразен од Подгорица во АБА2 после големиот пад на играта во финишот
- Алекандар Петровиќ: очекувам поинакво издание на противникот, но одиме да се надигруваме