Вчера во Библиотеката “Св. Климент Охридски“ во Битола се одржа преубава активност насловена “Голтка вино и приказни: Магична вечер на бајки за возрасни!“ Читањето бајки вчера донесе празнична и магична атмосфера, што ги прави совршени за празничната сезона. Создадоа топол и волшебен амбиент во библиотеката. Читањето бајки на возрасните им создаде чувство на релаксација и привремено бегство од притисоците на секојдневниот живот.
-Читањето бајки во заеднички амбиент го поттикнува чувството на заедница кај посетителите на библиотеката. Ја поттикнува социјалната интеракција и споделените искуства, зближувајќи ги луѓето за време на празничната сезона. Многу возрасни имаат убави спомени од слушањето бајки од време на нивното детство, порачаа од библиотеката.
Читањето на приказните од страна на учениците од Интимен театар во состав: Леона Аземовска, Ксенија Мано, Петровска Теона, Елеононара Блажевска и Лилјана Питоска пред Нова Година предизвика чувства на носталгија и ги поврзе поединците со негуваните традиции, создавајќи чувство на континуитет низ генерациите.
Во магичната ноќ учествуваа: режисерката Билјана Крајчевска, “Вемилк“, Издавачки центар Три, Кетеринг Амброзиа, Books house, здружение на жени Битола и Светлана Петковска. Координатори на активноста: м-р Фатма Бајрам Аземовска и м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски.

“Голтка вино и приказни: Магична вечер на бајки за возрасни!” во библиотеката во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










