Синоќа во кугланата во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола се одиграа заврните натпревари во Училишната кугларска лигс. Со овие натпревари и термините за тренинзи Битола доби по втор пат последователно училишна лига во куглање, проект во кој свој придонес имаа: Општина Битола, Кугларската и Училишната Федерација на Македонија, Сојузот на спортови и битолските клубови Пелистер Пин и Пелистер 1982.
На годинешната лига учествуваа 6 училишта со свои тимови составени од ученици од деветтите и осмите одделенија.
Најдобра екипа беше ОУ “Д-р Трифун Пановски“ со максимален број на бодови 10, втори беа ОУ “Стив Наумов“ со 8 бодови и трето пласирани беа учениците од ОУ “Тодор Ангелевски“ со 6 поени.
Покрај екипното натпреварување, паралелно одеше и поединечно натпреварување а како најдобар поединец кај машките се истакна Марио Наумовски, втор беше Дарио Пејчиновски и Огнен Јовчевски, сите од ОУ “Трифун Пановски“.
Кај девојките, најдобра беше Ева Димитровска, втора беше Ева Јанкуловска и трета Лана Апостоловска.
Беа одиграни вкупно 15 натпревари во месец декември, а претходно во месец ноември се обавуваа обуките од четврорица ментори Игор Михајловски, Тоде Ристевски, Љупчо Спировски и Пецо Димовски заедно со наставниците по физичко од секое училиште.
Она што радува е што во овој краток период веќе се совладани основите на кугларската техника кај поголем дел од учениците, а тоа пак дава можност за развој на спортот со префикс кај младите што е од исклучително значење.
Наградите и признанијата ги доделија Габриела Илиевска како репрезент на Општина Битола, Сашо Павловски како претседател на Сојузот на спортови и Александра Здравевска како претставник на Федерација за училишен спорт.
[ngg src=”galleries” ids=”1804″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]










