Петочниот, пазарен ден, пред последдниот викенд во оваа 2022 година, воедно и 7. ден од “Зимската приказна“ која ја организира Општина Битола за дочекот на Новата 2024 година, донесе програма на повеќе локации низ Битола, а настапија повеќе изведувачи и групи.
За разлика од изминатите шест денови од “Зимската приказна“ денес имавме и дневна и вечерна програма во официјалниот дел.
Дневна програма започна со настапите на бендовите на Гимназијата “Ј.Б. Тито“ кај Офицерски дом, а продолжи со настапите на група “Ѓердан“, група “Милениум“ и група “Боеми“ во старата чаршија.
Во официјална програма на платото пред Офицерски дом вечерна програма започна со театарска претстава “Трите волшебни кучиња“ на НУ Народен театар, а продолжи со настапот на триото “Џентлемен“ и на групата “Фонтана“ и Елена Андоновска.
Во “Офф програмата“ настапија: Isavioloncello на Широк сокак, Dj Berryqyat кај Офицерски дом, “Куќарката на Дедо Мраз“ во Зоолошка градина, “22 Нентори“, “Box Beater“ кај Офицерски дом.
Утре, 30 декември, во вечерна програма кај Офицерски дом битолчани ќе гледаат: Jingle bell symphony – Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерен Оркестар на Битола IWConnect, група “Калабалак“ и група “Деспина“.

“Боеми“ в Чаршија, “Фонтана“ и Елена кај Офицерски на 7. ден на “Зимската приказна“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Значаен придонес на УКЛО Битола на рвиот Скопски безбедносен форум
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 27 степени
- Едукативен настан на Советот за социјална заштита “Ментално здравје кај млади“
- Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути
- СВР Битола: приведена жена за агресивно однесување кон полицајци, приведен битолчанец за закана со остар предмет
More from КултураMore posts in Култура »
- Втора годишна изложба на младите уметници од студиото “Каранфилова Арт“ (фото)
- Изложбата „Артеизам“ на Владимир, Васко и Дејан отворена во “Окованделија“ – новиот алтернативен уметнички простор во Битола (фотогалерија)
- Младата пијанистка Мила Нечовска со прв солистички концерт во Битола (фотогалерија)
- Окованделија го отвора новиот циклус: „Артеизам“ – уметноста надвор од мртвата риба
- Концерт на триото “Интерарт“ од Битола во македонскиот КИЦ во Загреб










