Во организација на џудо федерацијата на Македонија, во Битола во просториите на Будо-центарот се одржува семинар за џудо судии и тренери, на кој предаваа џудо мајстори од државата.
Федерацијата со техничка поддршка на џудо клубот Пелистер од Битола се одржа полагање на 1 Кју и Мајсторски Дан појаси.
Полагањето беше спроведено од Дан комисијата во состав: Ѓуро Илиќ 7- ми Дан – претседател, Славе Димитријоски 6 – Дан член, Киро Здравески 6-Дан член и Дејан Мицкоски 4 – Дан член.
-Ова се редовни активности на џудо федерација кои џудо клубот Пелистер технички ги организира. Имаше одлични предавања на семинарот, а присутните имаа прилика да научат нови работи кои ќе ги применат во тренинзите и судењето на натпреварите. Потоа комисијата одржа и полагање за повисоки појаси, а 18 кандидати од клубовите членки на ЏФСМ се здобија со повисоки степени- појаси, рече Ѓуро Илиќ, претседател на џудо федерација.

Семинар за џудо судии и тренери и полагање за појаси во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Во Битола облачно и постуденот, температурата до 18 степени
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
More from СпортMore posts in Спорт »
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола








