Пелистер – Шибенка 85:78
Кошаркарите на Пелистер од Битола во рамките на осмото коло од АБА2 лигата во салата “Спенс“ во Нови Сад, по огромна и тешка борба по продолженија од пет минити ја победија екипата на Шибенка со конечен резултат 85:78, откако во регуларниот дел натпреварот заврши со 69:69. Пелистер ја бараше својата игра и ја бркаше негатива, а имаше шанса да победи во регуларните 40. минути.
Во првиот дел кошаркарите на Шибенка има одлична реализација посебно во првите 15 минути, по што имаа водство од 21:36, а потоа и 26:41. Сепак, по тајм-аутот на тренерот Дарко Радуловиќ, “пелистерци“ имаа серја од 9:0, за 35:41, а на одмор заминаа со пристојни -4 (37:41). Во овој период најфикасни Маслинко и Планиниќ.Во третиот период од играта се играше рамноправно, а по третиот квартал остана истата разлика, -4 во корист на Шибенка (50:54). Пелистер успеа изедначи на 63:63 на 4:39 минути до крајот. “Пелистерци“ и поведоа со поен предност 66:65, а зголеми и на 67:65. Но, на минута и пол пред крајот беше 67:67. На крајот Пелистер промаши за победа по шут за “тројка“ и се отиде на продолжение од пет минути. Продолжението започна со предност на Шибенка од +4 . Планиниќ постигна седум поени во низа, плус “тројка“ на Костовски за конечно поведоа со 80:76, а на крај победа на Пелистер со конечни 85:78.
Кај Пелистер Планиниќ забележа импресивен дабл-дабл ефект изразен со 26 поени и 14 скока (и две асистенции). Мијовиќ постигна 23 поени, Костоски14, а Маслинко 12.
По осум одиграни натпревари во АБА2 лигата Пелистер има три победи и пет порази и е на на делба од 7. до 12. позиција на табелата.