На самиот старт на натпреварувачката сезона тимот на нашиот сограѓанин Ристо Чуринов, од Битола кој живее и работи на Блискиот исток, имаше одличен настап на маратонот “Al Mouj Muscat Marathon“ кој се одржа во Султанатот Оман, а тој истрча три трки на еден евент.
Како ни јави Чуринов, тој првиот маратонец кој го направил тоа. Чуринов истрча три трки. Првата на 21 километар со време 1:38:45, потоа по промената на BIB бројот истрча 10 километри, а наредниот дел, тој заедно со неговиот тим RISTO MMA&FITNESS, истрча и трка на пет километри.
Во тимот на Чуринов беше и неговиот син кој на 12 години истрча 5 километри.
-Горд сум на себе, на мојот син и секако на мојот тим. Одлично се претставивме, а сега сме побогати со многу медали. Како реков на почетокот сега сме на почетокот на оваа натпреварувачка сезона и се надевам дека ќе имам јас и мојот тим уште многи трки. Ме очекуваат и многу тешки трки за кои сум подготвен и се надевам на успеси, ни рече Чуринов на вибер комунинација.
Чуринов во Оман е сопственик на првата македонска фирма во Оман, работи како фитнес тренер, настапува професионално во боречки вештини, а учествува на маратон и ултра маратон, а настапи и на ултра маратонот на Пелистер минатата година.

Ристо Чуринов со успешен на стартот на сезоната во Оман, на еден евент истрча три маратонски трки (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Златна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“ (фотогалерија)
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Во Битола облачно и постуденот, температурата до 18 степени
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
More from СпортMore posts in Спорт »
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола








