НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Педагошкиот факултет – Битола денес го одбележааа Светскиот ден на книгата и авторското правосо заеднички настан.
Целта беше да се одбележи и прослави Светскиот ден на книгата и авторските права, поддршка на книжевноста и читањето и подигање на свеста за значењето на културата и авторските права.
На почетокот на настанот се обрати директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ м-р Бојан Стефановски кој на почетокот ги поздрави сите присутни и се заблагодари на присутните и за дадената чест сите заедно да го прослават Светскиот ден на книгата и авторските права и додаде:
-Светскиот ден на книгата и авторсктите права. Со славењето на книгите ние ги славиме пишувањето, читањето, со кои човекот се издигнува и се реализира, впрочем ја славиме слободата која ние ни ја овозможуваат. Нашата мисија останува да покаже колку се важни книгите и колку е прекрасна и убава работа да се биде библиотекар и да се препорачува на луѓето што да читаат.
-Светскиот ден на книгата и авторското право е прекрасна прилика за сите нас да ја прославиме силата на писменоста, креативноста и значењето на книгите во нашите животи, рече доцент д-р Јосиф Петровски.
Потоа следеше читање на македонската порака и порака од УНЕСКО од проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска и проф. д-р Биљана Цветкова Димов, читање на поезија од студентите на Педагошкиот факултет – Битола Марија Петровска, Игор Стојановски, Наталија Василеска, Михаела Вељаноска, Христина Микулек, Елена Чатлеска, Фросина Пројческа, Ана Анастасова, Стојанка Ќупчева, Ивана Христова и Ангела Павловска.
На крај на настанот директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ м-р Бојан Стефановски и доцент д-р Јосиф Петровски на присутните им поделија по еден цвет.

Педагошки факултет и Библиотеката го одбележаа Светскиот ден на книгата и авторското право (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










