Вчера во Битола се одигра четвртиот натпревар од полуфиналната плеј-оф серија, која ја добија со 3:1 и пласман во финалето во борба за титулата.
Пелистер на овој одлучувачки натпревар ја имаше поддршката од целата битолска кошаркарска и спортска јавност, а поддршката беше манифестирана и на трибините.
Повеќе од 3.000 битолчани го поддржаа тимот на Пелистер, а овој пат на трибините покрај “редовните“ навивачи кои беа на една трибина, сега ги имаше во голем број.
-Битолчани сакаат кошарка, редовно беа на кошаркарските натпревари, а на трибините секогаш беа “истите па истите“ со мали измени, но овој пат сега личиме како треба. Се надевам и посакувам на финалните две средни против МЗТ ќе биде како на Купот, не само полни столчиња, туку и полни скали, односно целосна поддршка за титула, ни рече Јован, еден од како вели “редовните“ навивачи во текот на цело сезона.
А дека Битола сака титула, се потврди и од скандирањето од трибините. Прво започнаа “Чкембарите“ а тоа го прифатија и сите навивачи, а останува во наредните пет натпревари, да се обидат кошаркарите и стручниот штаб.
-Секогаш кошаркарите ја имале поддршката од навивачите, но тоа беше во број кој секогаш требаше да биде поголем. Но, беше ладно, салата ладна, а ние кои најверните бевме секогаш тука. Сега во полуфиналето се “мена работата“ има публика и на другата трибина. Денес има многу нови, за разлика од постојаните и ме радува. Очекувам во двата финални натпревари салата да биде полна, па ако треба за за мајсторката да одиме во Скопје, кај МЗТ по пехарот и титулата. А, дека ќе биде преубаво да се биде во салата во финалето само треба да се потсетиме, како беше лани и за Купот, кога пехарот ни “избега“ коментираа во еден глас со многу емоции “Чкембарите“.
Екипата на Дарко Радуловиќ и сите кошаркари ја заслужуваат поддршката, а како најавија навивачите за финалните натпревари ќе имаа целосна мобилизација на љубителите на кошарката во Битола.
[ngg src=”galleries” ids=”1992″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”24″]










