Битола како и долги години наназад беше домаќин на големиот традиционален семинар за реално аикидо „Битола опен“ во Будо центарот „Пелистер“ во организација на џудо клубот Пелистер од Битола.
На “Битола опен- реал аикидо“ имаше преку 100 учесници од Србија, Република Српска од БиХ, Грција и Бугарија.
Раководители на семинарот беа Ана Врачаревиќ -9 дан, Ѓуро Илиќ – 8 дан, Зоран Стојановиќ – 6 дан, Дејан Чавкоски – 5 дан, В. Мишов – 3 дан и Николчо Гоцев – 3 дан.
Ѓуро Илиќ за семинарот, на кој и самиот беше предавач, рече:
-Во просториите на Будо центарот „Пелистер“ се одржа традиционалниот семинар реално аикидо “Битола опен 2024“ за кој секогаш имаме голема заинтересираност. Овој пат имавме повеќе од 100 учесници на семинарот, а мора да кажеме и дека имавме и одлични предавачи. Тука ќе ја споменам Ана Врачаревиќ од Србија со нејзиниот тим, а секако значајни предавања имаа и македонските мајстори. Задоволен сум од тоа што беше прикажано на семианарот, а според зборовите на учесниците семинарот бил можност да се надградат.
Илиќ по семинарот најави дека наскоро ќе се одржат државните првенства во дисциплините аикиди демо во сите категории во Кочани, во Скопје и во Битола.
Во Битола летово ќе има уште еден голем настан, но Илиќ не открива детали, а тоа најави дека ќе го направи на прес-конфенерција.

Традиционалниот семинар “Битола опен – реал аикидо“ со повеќе од 100 учесници (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Во Битола облачно и постуденот, температурата до 18 степени
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- ЈКП “Водовод“ Битола: рекомтрукција на водоводна мрежа на “105-та“ улица
- Во Градскиот парк традиционален есенски крос
More from СпортMore posts in Спорт »
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола
- КК Пелистер започна со продажба на сезонски влезници









