Екипата на Пелистер од Битола денес во салата на МЗТ Скопје, “Јане Сандански“ со почеток во 19 часот ќе го игра вториот финален натпревар од серијата од 5 натпревари за титула во кошаркарскиот шампионат на Македонија.
Викендов, исто така во “Јане Сандански“ кошаркарите на Пелистер во драматична завршница го загубија првиот натпревар и МЗТ поведе со 1:0.
Тренерот Дарко Радуловиќ пред вториот натпреавр вели дека неговиот состав има квалитет да стигне до брејк на вториот натпревар.
-За првпат сме во позиција да бркаме негатива. Загубивме еден натпревар, не е ништо страшно. На истиот само поради нашите технички грешки се доведовме во ситуација да загубиме. Инаку, бевме подобар тим, кошаркарски. Се подготвуваме во континуите и фокусот на сите кошаркари и ние кои сме на клупата треба да биде поголем на овој дуел. Во принцип желбата за победа постоеше и постои. Само таа концентрација и фокус ќе бидат одлучувачки фактор. Да не се повторуваме, знаеме колку е моќен МЗТ Скопје, но и ние сме свесни кои се нашите квалитети и која е нашата мотивација и желба. Затоа сметам дека можеме да направиме еден брејк, рече тренерот на Пелистер.










