Со учество на повеќе од 130 ученици во основно образование од сите градови на државата, денес во ОУ “Климент Охридски“, за прв пат во Битола се одржа Државно првенство во гимнастика.Натпреварот се одржа под покровителство на Федерација на училишен спорт во Македонија и Општински Сојуз на училишен спорт од Битола, а се натпреваруваа млади гимнастичари од основни училишта во машка и женска конкуренција, а настапија 130 ученици од 7 градови.Присутните ги поздрави градоначалникот Тони Коњановски, посакувајќи им успех на натпреварувачите и честитајќи им за организацијата, ја истакна потребата од одржување на повеќе вакви натпреварувања кои се од големо значење за развојот на децата и поттикнување на спортскиот дух.Професорката од катедрата за гимнастика на факултетот за физичко образование, спорт и здравје, проф. д-р Катерина Спасовска, посакуваќи им успех на натпреварувачите и честитајќи им за организацијата на битолчани, притоа истакнувајќи ја потребата од одржување на повеќе вакви натпреварувања кои се од големо значење за развојот на децата и поттикнување на спортскиот дух.Претседателот на Сојузор на училишен спотрт од Битола, Михајло Трампевски за денешниот државен натпревар вело дека бил одлично организиран, а посебно него и неговите колеги, професорите по физичко воспитување го израдувало тоа што најголем дел од медалите останале во Битола, кај битолските млади гимнастичари.Федерацијата на училишен спорт во иднина најави дека активно ќе ја продолжи поддршката на училишниот спорт се со цел поголема ангажираност на наставничкиот кадар и учениците за постигнување на поголеми спортски резултати.Во категоријата од 1 до 3 одделение како млади надежни спортистки медал освои Мелани Волкановска од ОУ “Даме Груев“ од Битола на партер.Во категоријата од 4 и 5 одделение во женска конкуренција: прво место за Антонија Гештаковска од ОУ “Стив Наумов“ од Битола, второ место за Димитра Вељанова од ОУ “Коле Канински“ од Битола, а трето место освои Надја Атанасовска од ОУ “Св. Климент Охридски“ од Битола.Во категоријата од 4 и 5 одделение во машка конкуренција второ место освои Иван Николовски од ОУ “Кирил и Методиј“ од Битола.Во категоријата од 6 и 7 одделение во женска конкуренција прво место освои Јована Трајковска од ОУ “Св. Климент Охридски“ од Битола, второ место Деана Трајковска од ОУ “Тодор Ангелевски“ од Битола и трето место за Илијана Талева од ОУ “Климент Охридски“ од Битола.Во категоријата од 6 и 7 одделение во машка конкуренција прво место освои Димитар Радичоски од ОУ “Стив Наумов“ од Битола.Во категоријата од 8 и 9 одделение во женска конкуренција прво место освои Ангела Ристевска од ОУ “Стив Наумов“ од Битола, а на трето мест се пласира Јана Секуловска од ОУ “Трифун Пановски“ од Битола.
На државно првенство во гимнастика за основци во Битола најмногу медали за битолчани (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
- Самоил Ристевски потпиша договор со Еурофарм Пелистер до 2028 година
- Пелистер поразен од Подгорица во АБА2 после големиот пад на играта во финишот
- Алекандар Петровиќ: очекувам поинакво издание на противникот, но одиме да се надигруваме