Press "Enter" to skip to content

Патеките маркирани, утре се делат стартните броеви, старт на трките “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ сабота во 8 и 9 часот кај Офицерски во Битола

Здружението “PELXTR“ од Битола кое е организатор на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ кој оваа година ќе се одржи на 21 и 22 јуни ја соопшти и официјалната агенда за годинашната трета по ред трка, на која се очекуваат околу 150 тркачи.

-На еден ден пред официјалниот почеток се е подготвено за старт на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ кој стартува во Битола на платото пред Офицерски дом во Битола, чии организатор е Здружението “PELXTR“ од Битола. Тука, во Битола, на местото каде ќе биде стартот одбројуваме часови, а не само ние кои сме вклучени во организацијата, часови одбројуваат и ги завршуваат подготовките, вели директорот на трките Ненад Лазиќ. Утре поради жештините, малку подоцна, со почеток во 16 часот, на платото кај ОФицерски дом во Битола натпреварувачите ќе ги подигнуват стартните броеви и опремата за следење, а ќе им бидат објаснети поединостите за полесно поминување на патеката.

-Сакам подетално да ги започнаа сите за тоа како ќе се одвива овој несекојдневен настан во Битола. Патеките се исчистени, сите се целосно маркирани, однесена е вода и се друго што е предвидено да биде на патеките. На 21 јуни започнуваме со активност на платото пред Офицерски дом каде ќе бидат поделени стартните броеви на учесниците од 16 до 21 часот. Следниот ден сабота во 8 часот кај Офицерски дом е стартот на трката “Неолица Трајал“ во должина од 54 километри на која ќе се појават квалитетни тркачи. Пое ден час, во 9 часот ќе биде стартот на најмасовната трка на која ќе трчаат и најголем број наши сограѓани исто насловена “Неолица Трајал“ но на 23 километри. Трката за најмалите ќе стартува во 11 часот на ски-патеката Ниже Поле. Победниците ги очекуме на целта на локација ски-центарот “Стрежево“ кај Нижеполе, вели Ненад Лазиќ и додава:

-Планирани се активности на целта каде во текот на целиот викенд ќе има културно забавна програма во летно-зимскиот центар Ниже Поле и таму ќе бидат пречекани сите тркачи и таму ќе биде доделувањето на наградите.