АБА 2 лигата ги извлечени групите за натпреварувачката 2024/25 сезона во АБА2 лигата, која оваа година ќе се игра по нов системот на натпреварување кој е изменет во однос на минатите години.
Од оваа сезона 16 тимови ќе се натпреваруваат поделени во 4 групи и меѓу себе ќе играат по принципот дома-гости. Најдобрите две екипи од секоја група продожуваат во ТОП 8, каде што тие осум тимови ќе бидат поделени во нови две групи од по 4 тимови, а најдобрите две екипи ќе вкрстат во Плејоф полуфинале.
Пелистер беше извлечен во група “Ц“, заедно со носителот Подгорица, Широки ТТ Кабели и тимот на Вршац.