Press "Enter" to skip to content

Во Баирското училиште во Битола се одржа 2. по ред “Чкембарски турнир“ (фотогалерија)

Вчера попладнево во дворот на основното училиште “Тодор Ангелевски“ во Битола се одржа вториот “Чкембарски турнир“ кој го организираше навивачката група “Чкембари“ од Битола.На отворањето на манифастацијата, еден од организаторите на турнирот, како што секогаш е каде се “Чкемабарите“ беше одржа баклијада, а во зелена боја беше “обоен“ дворот на Баирското училиште.По химната на “Чкемабарите“  – “Птицо моја“ чкембарите и сите присутни им оддадоа почит на сите членови на навивачката група “Чкембари“ кои повеќе не се со нас, им посака успешни натпревари на учесниците, и секако ги поканија на дружење. Организаторите и претходно најавија дека првиот “Чкембарски турнир“ по пријавените екипи и поединци ги надмина очекувањата во сите спортови и категории, а денес тоа само беше потврдено со масовното учество. На првиот “Чкембарски турнир“ се појавија покрај членовите на навивачката група “Чкембари“ и сите нивни подгрупи кои се во Битола.На овој втор “Чкембарски турнир“ се појавија и основачите на навивачката група “Чкембари“ – Јапано, Балто, Цици и Чалтоно, а тука беа и навивачи од сите генерации на “Чкембари“. -Ме радува тоа што како и првиот “Чкембарски турнир“ има голема посетеност, а тоа го прави овој собир посебен. Ме радува што тука на едно место сме сите битолчани од цел град, од сите маала од Битола, сите на кои многу ни значи брендот Пелистер. Си посакувам од година во година ова да биде уште поголем настан, а на организаторите да им честитам за организација, рече Никола Талевски – Јапан, еден од основачите на навивачката група “Чкеммари“ во 1985 година.На натпреварите во мал фудбал, баскет “3х3“ и влечења јаже и туркање на рака се појавија стотина битолчани, аа како нагласија организаторите “сите попладнево се победници“.На “Чкембарскит турнир“  беа присутни стотици навивачи, поранешни и активни спортисти, бизнисмени, екипи за мал фудбал, екипи за баскет, основачите на навивачката група “Чкембари“…Поканата на “Чкембарите“ за овој несекојдневен спортски забавен карактер ја прифатија битолчани, а организаторите за сите обезбедија многу пиво и храна, а присутните беа облечени во разни едиции на чкембарски маици и дресови од спортските клубови кои го имаат името Пелистер.Низ мега фотогалерија ќе ви доловиме само дел од атмосферата во дворот на “Баирското училиште“.

Текст и фото: Сашо Ристевски

[ngg src=”galleries” ids=”2059″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”40″ order_by=”filename”]