Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Пелистер од Битола промовира уште едно засилување за следната сезона. Нов член на битолските „зелено-бели“ е Бобан Георгиев.
Бобан Георгиев е 27-годишното десно крило минатата сезона беше дел од редовите на Воска Спорт даде еден гол и запиша дури единаесет асистенции.
Сега пелистерци се пофалија со неговиот потпис и соопштија:
-Задоволство ни е да ја известиме фудбалската јавност дека Бобан Георгиев е нов фудбалер на ФК Пелистер. Бобан игра на десната крилна позиција, но истовремено може да ја покрива и левата крилна позиција. Со своето искуство ќе комплетира огромен дел од мозаикот на Костов.
Георгиев доаѓа од екипата на Воска Спорт, а предходно има играно и за Брегалница, Силекс, Радник Сурдулица, Борац Бања Лука и Леотар Требиње.